https://www.facebook.com/ehfeuro/photos/8350928501615644

21.11.2022 Скопје

Норвешката женска ракометна репрезентација го освои Европското првенство откако во финалето беше подобра од селекцијата на Данска со резултат 27-25.

Во најголемиот дел од мечот Данската репрезентација водеше но последните минути им припаднаа на Норвежанките кои на крајот се радуваа на победата.

Нора Мерк со постигнати осум голови беше најдобра во репрезентацијата на Норвешка, додека пак Бургард со шест погодоци беше најефикасна кај Данска.

Мечот пак кој се играше за третото место во ова Европско првенство, помеѓу репрезентациите на Црна Гора и Франција се играше во продолженија, по што Црна Гора ја освои победата со резултат 27-25.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *