28.11.2022 Скопје

Медиумите активно продолжуваат да шират дезинформации, односно дека постојат знаци дека руските сили можеби се подготвуваат да ја напуштат огромната нуклеарна централа Запорожје, која ја зазедоа во март, непосредно по инвазијата.

Откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат, управата на окупираниот град Енерходар, назначена од страна на Русија, соопшти дека нуклеарната централа Запорожје останува под контрола на Русија.

Од друга страна пак, генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека украинските сили на крајот на минатата недела уништиле шест единици руска воена опрема и дека околу триесет руски војници биле повредени во борбите кај Енерходар.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *