https://www.facebook.com/BadnikoviPovorki/photos/450640812134115

28.11.2022 Скопје

Здружението „Бадникови поворки” одржа конференција во малата концертна сала на Македонска филхармонија, на првиот ден од божиќниот пост, и свечено ја отвори празничната сезона за претстојните активности.

По двегодишна пазуа поради пандемијата со Ковид-19, од денеска започнуваат подготовките за бадниковите поворки на радоста, во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ Република Северна Македонија и по кои станавме препознатливи на Балканот и пошироко, а сега конечно можеме да кажеме дека оваа убава традиција продолжува, истакнаа од здружението.

Оваа година покрај Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска ќе учествуваат и младите пејачи Мартинијан Кириловски, Ана Петаноска, Бела Битрачуловска, Џенгис Мемедовски, Мите Стоилков и Тамара Ѓуровска, а Елена Ристеска како искусен пејач ќе ги води младите таленти во целиот проект и изведба на божиќната песна „Вечниот Бог”.

На прес-конференцијата беше соопштено дека подготовките за детскиот божиќен концерт се започнати, а ќе бидат поканети сите детски хорови, ансамбли, театарски креативцни центри, и студија. Концертот ќе се одржи на 6 јануари во 11 часот и ќе претходи на најголемата Бадникова поворка во Скопје, која ќе тргне од градскиот плоштад, преку камениот мост, и крајната цел ќе биде Соборниот храм каде традиционално младите коледарчиња ќе бидат дарувани со бадникови подароци.

Подготвено од М.Н.

About Author