https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

01.11.2022 Скопје

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, утрово ги прими новоизбраните уставни судии, Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои од денес почнаа со работа во Уставниот суд-Скопје.

Судиите Бозаџиева и Скендер, официјално се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот приод ќе им бидат распределени предмети за работа, почнувајќи од следната седница која е закажана за 9 ноември.

Уставниот суд упати апел до пратениците на Република Северна Македонија, да го почитуваат Уставот и набргу да ги пополнат и другите три празни места за судии, за да може Судот да функционира со полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и граѓаните. Двајцата новоизбрани уставни судии добија мандат за работа во Уставниот суд во времетраење од девет години.

Подготвено од М.Н.

About Author