21.11.2022 Скопје
Прославата на божиќните празници во трговскиот центар „Галерија Лафајет“ во Париз е многу стара традиција, и како и претходните години така и оваа ги воодушеви луѓето ширум светот со својата раскошна божиќна елка и прекрасните празнични декорации на големите прозорци.
Првото празнично украсување на излозите на продавниците во трговскиот центар се случило во далечната 1912 година. Само неколку години подоцна, првата божиќна елка била поставена среде трговскиот центар, и со секоја измината година елката станувала сѐ пораскошна и сѐ поукрасена.
Оваа прослава била драгоцен момент за вработените во продавниците во трговскиот центар, што решиле да премине во традиција, и со текот на времето интерната божиќна забава за вработените преминала во еден од најголемите божиќни настани во Париз, кој привлекува туристи од целиот свет.
Божиќните декорации на прекрасната елка секоја година се различни бидејќи се на некој начин тематски, оваа година раскошната елка блесна во зелена и сина боја, односно во боите на планетата Земја.
Подготвена од М.Н.