23.11.2022 Скопје
Пранвера Кастрати, кој е координатор на Акциониот план за заеднички регионален пазар во Советот за регионална соработка (РЦЦ), изјави дека Западен Балкан станува сè поважно место за инвестирање.
На вонредната презентација на инвестициската конференција за Западен Балкан, која што се одржа во Љубљана, Регионалниот совет за соработка и Коморскиот инвестициски форум на шест економии од Западен Балкан (ВБЦИФ) ги повикаа европските инвеститори од Австрија, Словенија Италија и Хрватска, агенциите за промоција на инвестициите од Западен Балкан, министерствата одговорни за инвестициската политика и промоција, регионални организации и меѓународни финансиски институции да ги претстават можностите и придобивките од инвестирањето во овој регионот.
Според Кастрати, голем е процентот на граѓани од Западен Балкан кои сметаат дека регионалната соработка е многу важен фактор во одржливоста на регионот, но и процентот на бизнисмените е на задоволително ниво, со што даваат подршка на важноста од заедничка работа за надминување на предизвиците кои доаѓаат однадвор, но и од самиот регион.
Подготвено од М.Н.