https://www.flickr.com/photos/manoftaste-de/16112533681

03.11.2022 Скопје

Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев, односно одлука за замрзнување на цените.

Согласно одлуката која е донесена од Владата, цената на огревното дрво се утврдува во висина од 4.500 за метар просторен, односно до 6.429 денари за метар кубен, додека пак за пелетите за огрев се утврди да изнесува 27 денари за еден килограм. Во овие цени е вклучено и ДДВ и транспорт на истите.

Во соопштение од Владата се истакнува дека највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември оваа година, а донесена е и одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која беше замрзната маржата на огревното дрво даб, бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10 проценти.

Подготвено од М.Н.

About Author