https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/photos/a.1843954569267316/2921709088158520/

25.11.2022 Скопје

Денеска во Охрид ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022″ од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.

Ова е втора заедничка вежба од ваков вид за оваа година, по вежбата што се одржа во јуни 2022 година во Софија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на вежбата ќе присуствуваат високи делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author