17.11.2022 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во знак на отпор кон повиците на Западот да се избере меѓу Москва и Западот, истакна дека братските односи на неговата земја со Русија не можат да бидат уништени и дека Белград никогаш нема да подлегне на притисокот.
Неделава, српскиот претседател Александар Вучиќ оствари средба со Турко Даудов, советник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Вучич со Даудов се сретна во Белград, при што се фотографираше облечен во традиционална чеченска облека што му беше дадена како подарок.
Вучиќ истакна дека за Србите, рускиот народ е нивни братски народ, а вековната историја многупати го докажала тоа, потенцирајќи дека руско-српските односни, токму поради тоа, не можат да бидат уништени под никаков притисок.
Коментарите доаѓаат еден ден откако првиот човек на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека Брисел е „многу загрижен за ситуацијата на Западен Балкан“, додавајќи дека „непотребните и контрапродуктивни тензии“ меѓу Косово и Србија „достигнуваат многу, многу опасно ниво“, предупредувајќи дека несреќно сме на работ на уште една криза.
Советникот Даудов истакна дека моменталната ситуација во светот е тешка, но дека Русија стои цврсто во одбраната на духовните, традиционалните и семејните вредности, а ја отфрлила „странската идеологија“ поставена од Западот. Воедно, истакна дека и покрај сите тешкотии и притисоци што ги врши Европа, раководството и народот на Србија не само што не им се спротивставија, туку и ја поддржаа Руската Федерација.
Србија се соочи со силни критики за одбивањето да се усогласи со санкциите и надворешната политика на ЕУ, како и за одржувањето силни, пријателски врски со Москва.
Во септември, српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ беше принуден да го брани договорот за консултации за периодот 2023-2024 година што го потпиша со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
На протестите во Србија често има транспаренти со ликот на рускиот претседател Владимир Путин и руски знамиња.
Врските на Белград со Москва продолжуваат да ги вознемируваат западните престолнини. Претходно овој месец, Германија ја предупреди Србија да не ги негува подлабоките односи со Русија, предупредувајќи дека таа може да ја спречи нејзината кандидатура за пристап во Европската унија.
Србија е кандидат за членство во Европската унија од 2012 година, но нејзините изгледи се сметаат за мрачни без нормализација на односите со Косово, кое одбива да го признае како независна земја.
Ситуацијата на северот на Косово стана понесигурна во последниве недели, бидејќи членовите на српската заедница поднесоа оставки од институциите на земјата како знак на противење на барањето на владата сите автомобили во сопственост на граѓани на Косово да имаат таблички издадени од Косово.
Безбедносните аналитичари предупредија на значителна мобилизација на Србите на 21 ноември, кога Приштина ќе започне да го применува правилото, со планови за таргетирање на испразнетите институции и блокирање патишта.
Подготвено од А.Ѓ.