https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

20.11.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е оптимист пред разговорите во Брисел на 21 ноември со премиерот на Косово, Албин Курти.

Претседателот на Србија на 21 ноември во Брисел треба да се сретне со премиерот на Косово, во обид да се избегне дополнително заострување на односите меѓу двете земји под покровителство на Европската унија. Вучиќ потврди дека средбата ќе започне во 8 часот и ги повтори условите на Србија.

Средбата се одржува поради кризата на релација Приштина-Белград, која настана откако припадниците на српската заедница на север ги напуштија косовските институции противејќи се на одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со КМ (Косовска Митровица) таблички издадени од српските власти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author