02.11.2022 Скопје
Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, издал наредба веднаш да бидат уништени сите непријателски беспилотни летала на територијата на Србија.
Оваа наредбата доаѓа по инцидентот што се случи во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија, и за да бидат спречени понатамошни непријателски активности, српските ловци „Миг-29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателски летала.
Посочените објекти за кратко време го напуштиле воздушниот простор на централна Србија.
Инаку моменталната состојба на северот на Косово е тензична поради најавите за промена на регистарските таблици и доставувањето на предупредувања до Србите од страна на косовските власти бидејќи не им се сменети табличките за да бидат со назнаката РКС.
Подготвено од М.Н.