https://www.facebook.com/photo?fbid=10217767907815007&set=bc.AbrzS6d6WQIqMMYpjgN_6rGcaMAP--I_nzCZaZa3IntsvXilankOiVx1mOVWMWbW2jLRhCJAr7lLyOPP2w7TYvgnZoQvm-8lis8j9guKocMNPAxJyL1s7c1ii0T_EmabxFo4T1FtVZyRvkydnznL9k-fpXiMUkazE-Q9IGbFCF_S5bxExFqT8BZKVfWzoCOCQb7QL6MLsQKJKIYxIfXzVM26&opaqueCursor=Abrj8zoHEnjKcaRShSrBrqx__Gt92B5ojZAGSqaWukJKOwoTb7ncx49LkkgauNcgMDF081OuWJNZPvi0GQpq6QCYoHiUNMEivWpRGowlgVImvWpMLSa7S-PIWW_6jTJDS1hMrlbiGsthLlLaA9a4jTDklpns5vPGcEhN88GNQGYRQVl6PBapCp9A55TUR95BSaz7H-hjAijPML8GpcLpZNVn6odbsKvxsy_spor1aHZEeONxlGOIn-Auhx3ifn2yTB9VymRsC_VMYpZuM-4rAIsHtnn2XTBXormuLkWUSUEfBjSqGRy8X4hb_QmK3OKw9MxLGwCMoKocexlMYCQw30qh3wx7qYuy3nLDx6tsWrAgVszjDW6VtHMD00-AuVb81Zw0f3M5pXz8VPz0kZTKT4WyKu-jPVDTD0zLqmx16GzyZQQxNVi6rxqFPMCCgBFMt_eKaTN_1Hft05TLJNdYugNIVFH4GqqBM-8GeHpjHZU4-l_HzcV4vYhczXgu29CW0cGWGblQw4rQ0o6j5cLKCCmlnibxDm5gf4zM1_DGny5lFuPVEw16bl_EaugIghIQeK5Jf-bxPb7L15TF97qwy9urru8VRoiBE9htorCmY7wfDaP-1lV0cmrsANuss-XDAkw5MDAr_b5S2edWkMQk-aaC5uDxjf9TEosYQODmiyOTEQ

21.11.2022 Скопје

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека врнежите од дожд, во текот на вчерашниот ден, двојно го зголемија водостојот на реката Пчиња кај Пелинце и реката Кумановка.

Според мерењата направени утрово на мерната станица во селото Пелинце, нивото на вода во реката Пчиња изнесувало 52 сантиметри. Претходно, според мерењата направени вчера, водостојот изнесувал 26 сантиметри.

По подолг временски период, Пчиња го надмина просекот за овој период од годинава, кој изнесува 47 сантиметри.

Покачување на водостојот бележи и реката Кумановка. Мерната станица во село Доброшане утринава покажала водостој од 43 сантиметри, што е за пет сантиметри повеќе од вчера.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author