https://www.flickr.com/photos/bundesbank/50652146282/in/photolist-2kaXuoW-2kaXNBt-2kaXuJW-mPRkLZ-sqzMyA-2kaYf2H-jw5wuw-8CQAxG-nK6zoY-8CQAq9-2mR4zhc-p2qD64-8CQAku-8CMvfX-8CMv9P-2mR4zoe-6U8MdE-2mPtvLG-pVaJqK-7DLhmX-7DQ6Gw-7BAwj7-gP9x3j-9biDJD-7BK5XF-2nrfqHw-9biDir-9bmMDY-ejq1ZG-K5DboC-7v2jLo-2kZWQjT-9MDqPi-9MG7zw-2mhKFWr-hykPaN-3MA7q6-2nspp6q-aaz5sd-9wc9qf-9MGa37-9MG9N3-23EKkFu-9MG9Tb-2kYw9cE-8ViQjr-rk5PMX-2ntSSsL-6wXWkX-c9Yc59

03.11.2022 Скопје

Денеска во Берлин, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сите земји од Западен Балкан се дел од слободна и демократска Европа и дека заедничка работа на Европската унија и регионот е ветената европска иднина да се претвори во реалност.

На отворањето на самитот во рамките на Берлинскиот процес, Шолц рече дека денешната средба е можност да се разговара за многуте предизвици со кои се соочува Западен Балкан.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека Берлинскиот процес не само што може да го ослободи потенцијалот на регионот, туку и да го забрза неговиот пат кон Европската унија.

Според германскиот канцелар Шолц, во моментот на бруталната војна на Русија против Украина, време е да се надминат внатрешните конфликти.

На денешниот Самит на шефови на Влади од Западен Балкан и претставници на ЕУ, како што истакна Шолц, ќе се разговара за три договори кои се исклучително важни за градење и интегрирање на заедничкиот регионален пазар.

Според Шолц, ова е важно за олеснување на контактите во регионот во најширока смисла и за градење интегрирана иднина без внатрешни граници. Воедно, додаде дека важно прашање ќе биде енергетската безбедност, за што, како што рече на 24 октомври на состанокот на Берлинскиот процес, разговарале и министрите за енергетика.

Германскиот канцелар повтори дека на 20 октомври, во форматот на Берлинскиот процес, министрите за внатрешни работи разговарале за исто така важното прашање за илегалната миграција и шверцот на луѓе, нагласувајќи дека денес ветувањата за Западен Балкан се даваат со чувство на итност.

Шолц истакна дека граѓаните од регионот можат да сметаат на Германија и на Берлинскиот процес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author