14.11.2022 Скопје
Според моменталните околности, изборите на северот во Косово се очекува да се одржат на 18 декември, изјави косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи по одржаната средба со политичките партии истакна дека овој датум за вонредни избори на северот во Косово е одбран со заеднички договор со партиите.
Од сите партии кои биле присутни на состанокот, претседателката Османи побарала мислење за тоа изборите да бидат на 18 декември или пак другата понудена дата била 11 декември, а инаку на средбата биле изнесени и одредени загрижувања околу изборите по што Османи ветила дека ќе се обиде да ја осигура безбедноста на сите граѓани во Косово.
Вјоса Османи изјави дека одлуката за распишувањето на изборите ќе биде донесена во наредните денови, и побара меѓународна поддршка од безбедносните институции во Косово за следење на слободни избори и безбедно гласање на сите граѓани.
Подготвено од М.Н.