https://pbs.twimg.com/media/FXyi2ZPVQAAb3Am?format=jpg&name=large

29.11.2022 Скопје

Брисел оцени дека војната во Украина го придвижи процесот на проширување на позитивен начин, а лидерите на ЕУ се повеќе посветени на интеграцијата на Западен Балкан.

Европски дипломати истакнуваат дека Република Северна Македонија ги почна преговорите со скринингот како прва фаза, а поради ангажманот на владата на билатералните прашања, факт е дека недостига напредок кај другите прашања, вклучувајќи ги владеењето на правото, борбата против корупцијата, чистиот воздух, слободата на изразување, како и уставните измени.

Во Брисел се свесни дека тешко ќе се стигне до двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени, бидејќи, како што велат, „имате тежок сосед кој постојано ги менуваше барањата кон Северна Македонија”, но сегашниот договор го отвора патот за земјата па порачуваат „конечно вреди да се оди напред”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author