28.11.2022 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека има можност војната меѓу Русија и Украина воопшто да нема крај, туку да замрзне како војната во Кореја од пред 70 години.
Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја, истакна Борел и додаде дека Киев и Москва треба да престанат да бараат, бранат или освојуваат територии.
Борел изјави дека тој нема да ги предводи мировните преговори, бидејќи Русија не ја прифаќа Европската унија како посредник, но мора да бидат фокусирани на тоа да се избегнат поголеми уништувања на Украина.
Неопходно е да се најде решение за проблемите што ги предизвика војната, никој не треба да се умори бидејќи Путин верува дека демократските општества се слаби поради постојаните дебати што се водат и очекува јавноста да бара прекин на војната, изјави шефот на дипломатијата на Жозеп Борел.
Борел истакна дека негова задача е да им покаже на неутралните земји во светот дека Русија е негативец, а не санкциите на ЕУ, бидејќи тие земји кои што барат да се запре војната со прекинување на испораките на помош на Украина треба да бидат свесни дека Путин нема да запре тука, туку ќе оди кон следната цел.
Подготвено од М.Н.