
25.11.2022 Скопје
Пратениците на француското Национално собрание – Долниот дом на Парламентот, на вчерашната седница усвоија закон според кој правото на абортус ќе биде вклучено во Уставот.
Во собранието кое што брои 557 пратеници, „За” гласаа 337 пратеници, а „против” 32 пратеници.
Абортусот беше декриминализиран во Франција со закон од 1975 година, но не постои одредба во Уставот што го гарантира тоа право, и затоа предлогот кој доаѓа од левата коалиција вели дека целта на измените на Уставот е, да се заштити и гарантира основното право на доброволно прекинување на бременоста.
Министерот за правда Ерик Дупон-Морети истакна дека центристичката влада на Франција ја поддржува иницијативата за измена на Уставот, и ја спомна одлуката на Врховниот суд на САД од јуни, која го елиминираше федералното уставно право на абортус и одлуката им ја остави на сојузните држави.
Во неодамнешна анкета која се спроведе во јавноста во Франција, покажа дека над 80 отсто од Французите го поддржуваат правото на абортус и дека мнозинството граѓани се за внесување на ова право во Уставот.
Подготвено од М.Н.