https://www.facebook.com/photo/?fbid=848724931963659&set=a.286753856815971

06.11.2022 Скопје

Редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ покажува дека во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000 и ова е зголемување за 16 отсто за една година, а само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места.

Во анализата се наведува дека позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври, извозот од ТИРЗ порасна на 3,122 милијарди евра, со што го надмина минатогодишното ниво на извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега од постоењето на зоните. Анализата покажува дека извозот во првите 10 месеци од годинава е за 26 проценти повисок од 2021 година, односно за 50 проценти повисок споредено со истиот период во 2020 година.

Од јануари до октомври 2022 година, пак, регистриран е увоз од 2,806 милијарди евра што е за 15 проценти повеќе во однос првите десет месеци од 2021, односно за 43 проценти споредено со 2020. Заклучно со октомври и нето извозот е 11,25 проценти, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во зоните и зголемениот број на работни места.

Според анализата, позитивните економски движења се резултат од ефектите од новиот концепт на ТИРЗ, а се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава.

Од Дирекцијата за ТИРЗ наведуваат дека од почетокот на спроведувањето на овој концепт, во изминативе 20 месеци се постигнати договори од над 620 милиони евра, а истите треба да донесат над 5000 нови работни места.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author