23.11.2022 Скопје
Поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, во главниот град на Иран, Техеран, денес сите училишта ќе бидат затворени.
Во последните два дена беа затворени само основните училишта, но поради зголеменото загадување донесена е одлука денеска да бидат затворени сите училишта, и учениците да следат онлајн настава.
Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз, а надлежните ги повикаа постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.
Техеран има повеќе од 10 милиони жители и воздухот во овој град е еден од најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради загадениот воздух. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и секогаш се влошува во зимскиот период.
Подготвено од М.Н.