15.11.2022 Скопје
Во период кога европските земји се борат да ја спречат руската пропаганда на европско тло и Балканот, во соседството на Република Северна Македонија, поточно во Србија се отвора нова редакција на руската државна телевизија „Русија денес“.
Со овој потег Белград ќе има официјален проблем бидејќи исклучиво ќе ги промовира интересите на Москва, а Русија во регионот лесно ќе може да ги прелива своите политики.
Комуникологот и професор Сеад Џигал изјави дека еден од најголемите предизвици за земјите од Балканот ќе биде руското влијание врз јавното мислење, и според него од комуниколошка точка ова е разбирливо и засега не може да се каже дали е добро или лошо бидејќи тоа е дел и од самиот конфликт.
Од Фондацијата Метаморфозис пак велат дека ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Република Северна Македонија е голем и според фондацијата отворањето нови медиумски куќи во соседна Србија, наменети за пренесување странски антидемократски вести, до сега секогаш имале негативно влијание на целиот регион.
Подготвено од М.Н.