22.11.2022 Скопје
Владата на Република Србија, преку буџетот за 2023 година, одреди мерка за доделување на 100.000 ваучери за летување во државата.
Здружението „Моја Србија“ ги покани сите ресторани и хотели да бидат учесници во оваа мерка одредена од владата, и се надеваат дека Владата ќе најде дополнителни сретства и годинава ќе ја достигне квотата од 250.000 ваучери.
Граѓаните на Србија и овој пат, како и претходниот период за одмор, ги избраа Златибор, Врњачка бања и Сокобања, но голем интерес имаше и за Пролом бања, Рибарска бања, Дивчибаре, Копаоник, Тара, како и за многу други места во Србија.
Милан Ристиќ од здружението „Моја Србија“ се надева дека Владата ќе најде средства да започне кампања за дистрибуција на ваучери за набавка на домашни производи од малите производители од Србија, и додаде дека овие две субвенции би формирале единствена целина што дополнително ќе го поттикне развојот на внатрешноста во државата.
Над 3.500 категоризирани угостителски објекти ќе им бидат достапни на граѓаните за субвенциониран одмор во текот на следната година, а се очекува дека ќе има и дополнително пријавени угостители и хотелиери и дека приходите од туризмот ќе го достигнат рекордниот резултат во Србија.
Подготвено од М.Н.