sloboda prevoz protest

29.11.2022 Скопје

На клучните сообраќајници во Скопје ќе бидат паркирани повеќе од 200 автобуси на превозниците од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и на тој начин во петок ќе го „парализираат“ Скопје.

Првиот човек на приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, истакна дека се револтирани од постојаните лаги кои ги шират надлежните за нив и затоа во петок ќе ги радикализираат протестите и ќе ги извадат на улица сите автобуси со кои располагаат.

Јовановски информира дека приватните превозници кои вчера со 30 автобуси ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“ до петок нема да блокираат сообраќајници поради посетата на висока делегација од Германија. Воедно, додаде дека со оглед на информацијата од Министерството за внатрешни работи дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, лично ги има замолено превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку дотогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок.

Според Јовановски, точно кои се крстосници и фрекфентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако претставници на приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат кои се чекори ќе ги превземат понатаму. Сепак, како што истакна Јовановски, граѓаните за секоја нивна одлука ќе бидат навремено информирани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author