04.11.2022 Скопје
Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, информира дека Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки.
Според најавите, првата градинка ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а втората во непосредна близина на кулите Џевахир.
Градоначалникот Муцунски истакна дека процесот на избор на најдобро решение ќе се спроведе низ транспарентна постапка, со вклучување на универзитетски професори и експерти од областа и поставување услови за највисоки стандарди при изведбата, потенцирајќи дека посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес.
Подготвено од А.Ѓ.