https://www.youtube.com/watch?v=KGN19X88glw&fbclid=IwAR1mJlDs1-EY4pGtik3BdIm4kXaQD64l7W45CGUs0qHzKrDMp3Ax6ekhqjQ

11.11.2022 Скопје

Најблискиот премин кој што ги поврзува украинскиот град Херсон и источниот брег на реката Дњепар, мостот Антоновскиј, е урнат.

Локалните жителите на областа се вознемирени и на своите социјални мрежи постираат слики и видеа од урнатиот мост, причината за уривањето на мостот се уште не е позната.

Украинската агенција Униан изјави дека мостот бил главна рута за пренос на воена опрема и муниција на руските сили на десниот брег на реката Дњепар.

Предходно, од страна на Русија соопштија дека ќе бидат повлечени своите сили од западниот кон источниот брег на Дњепар.

Следниот најблизок патен премин преку реката Дњепар е на одалеченост повеќе од 70 километри од Херсон.

Подготвено од М.Н.

About Author