https://www.facebook.com/%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%9E%D0%A0%D0%9C-191985314203749/photos/pcb.5475459052522989/5475450392523855

01.11.2022 Скопје

Денеска, во Клубот на пратеници во Скопје се одржа националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“, организиран во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Институтот за медицина на труд – Колаборативен центар на СЗО, со поддршка од Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.

Д-р Ане Јохансен, шефица на Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, истакна дека од направените проценки во 2019 година во Република Северна Македонија, населението загубило 5 000 години живот поради „седечкиот начин на живеење“. Воедно, додаде дека ова придонесува за пораст на заразни болести, болести на срцето, разни видови на рак, дијабет и е фактор на ризик за загуба на меморијата и алцхајмерова болест.

Јохансен посочи на развивањето на информатичките и другите технологии, кои резултираат со пасивност во работата и функционирањето на поединецот и придонесуваат кон тоа да не се движиме до точка што претставува проблем.

Проф. д-р Ленче Алексовска, деканка на Факултетот за физичка култура, образование, спорт и здравје, истакна дека ова е знак оти имаме добар почеток и според неа, спортот значи обединување, а физичката активност значи социјализација.

На настанот беа презентирани досегашните активности со осврт на истражувачки податоци, добри практики и национален напредок во однос на политиките за унапредување на физичката активност на национално ниво, како и подготвените препораки до работодавачите и креаторите на политики во однос на усвојување на иницијативи за активни работни места и дискусија за понатамошна соработка и имплементација на препораките од експертската група.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author