https://www.flickr.com/photos/davisom/7600581988/in/photolist-czCYe3-czEmDs-aRBP96-757Lau-czEjTJ-czDs3Q-czCZ8y-aRBNa2-czD159-aRBNp2-8YTxzk-czDtFL-aRBPpk-5cE1MH-czDd73-czDgYA-czCVsw-czEErN-czD3Rh-4G9uaF-czE4iJ-czDMvG-7WgTxn-7Ug1n3-9Z9K3Q-8YWwoA-7Wkb1L-czE3j7-71Pm5p-73Yb6V-78PMeb-czEJto-czDfZy-czD7gG-czE7oL-czDXMo-7WkaYh-74cN3a-8YTra4-71Pt2c-czEh6A-758mpw-7WgTCn-czDoaq-74G86m-76F5Af-73Yf6g-czEKnY-czEy4b-72xQ3g

22.11.2022 Скопје

Поради повеќемесечната суша во Каталонија ќе се воведат ограничувања за потрошувачката на вода и тие ограничувања ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион.

Мерките ќе вклучуваат прекин на вода за наводнување на земјоделските култури и индустрија, но засега нема да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење.

Во мерките исто така наведено е дека на жителите нема да им биде дозволено да користат вода за миење на надворешноста на куќите или автомобилите или пак за полнење базени, а ќе престанат да работат и фонтаните во повеќе од 500 општини, вклучувајќи ја и Барселона, а ќе биде забрането и миење на улиците.

Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, во изјава ги повика граѓаните да ја користат водата посовесно и да бидат свесни за моменталната ситуацијата во Каталонија.

Подготвено од М.Н.

About Author