Image by Freepik

15.11.2022 Скопје

Жените во Европската Унија заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите, што значи, тие работат бесплатно речиси два месеци во годината.

Форумот на жени на Социјалдемократската партија во Хрватска, по повод Европскиот ден на еднакви плати, алармира дека во Хрватска разликите во платите е речиси 7.000 куни, или 927 евра, годишно и тоа соодветно се одразува на пензиите.

Жените се помалку платени независно од секторот каде што работат. Тоа се случува еднакво на најниските позиции во услужниот, здравствениот или социјалните сектори, како и на позициите каде потребно е високо образование.

Жените земаат помала плата за работа со еднаква вредност насекаде во светот, како и во Хрватска, а почесто ја преземаат и одговорноста за семејните и домашните обврски. Разликата во платите се јавува и поради грижата за деца и повозрасни членови во семејството, што води до чести паузи во кариерата, а влијае и на висината на платите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *