29.11.2022 Скопје
Податоците од Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина покажуваат дека во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово во Грција се регистрирани три земјотреси од 4,7 степени, 4,1 степен и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во морскиот дел источно од островот Евија.
Првиот земјотрес од 4,7 степени во 6.32 часот утрово по локално време беше регистриран на девет километри од островот Евија, а подоцна, за помалку од еден час следеа уште два земјотреси, исто над четири степени.
Земјотресите, освен на Евија, беа почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Подготвено од А.Ѓ.