https://www.flickr.com/photos/147501246@N07/51319686330/in/photolist-2mbWNN7-98xfYM-hL1Qn-2nzn8Uu-uyRUnW-7teh19-2k9zH6q-iGeMiN-2jv97Lq-2jENvb4-2nB14vH-GKKmrD-2ggNBuT-2hbfAK3-2jf4GTM-2k4KgEf-2mCnnFd-2kSxdY9-e6Zeyv-2nFpJrK-XoNRBr-2ayodxo-NL5NhN-gZpKu-eTxFhw-iesYU-2dUU9ZT-GBgCjj-RBf7gE-2jtbYRY-2gRhENh-2jD9Due-2j64v9R-2nkJmwW-ExFj3M-2ngkABr-DDyT2d-84JxUm-2jiMcSo-4UUfAb-2hrsgYw-xqJcji-2hArVk3-2jFGE9a-2itiStS-KWfZTg-25bKYfs-8S7mc-2nCjM7D-2m8ygdU

03.11.2022 Скопје

Светската метеоролошка организација, во својот последен извештај предупредува дека порастот на температурите во Европа е двојно поголем од глобалниот просек.

Извештајот се фокусира на порастот на температурите во 2021 година, заедно со топлинските бранови на копно и море, екстремните временски услови и повлекувањето на мразот и снегот, трендот на загревање, екстремните горештини, шумските пожари, поплавите и другите ефекти од климатските промени ќе влијаат на општествата, економиите и екосистемите, стои во соопштението од СМО.

Европа претставува жива слика на свет што се загрева и нѐ потсетува дека дури и добро подготвените општества не се безбедни од влијанијата на екстремните временски промени, изјави Петри Таалас, генерален секретар на СМО.

Подготвено од М.Н.

About Author