29.11.2022 Скопје
Во Еропската унија значително е намалено производството на јајца, особено јајцата од слободно производство, а покрај генерално пониското производство и последиците од енергетската криза што настана како резултат на руската инвазија на Украина, поттик за тоа беше и птичјиот грип.
Годинава во Европа речиси 50 милиони живина загинаа поради заканата од птичји грип и убивањето на диви и домашни птици.
Високото ниво на болести кај дивите птици доведува до зголемување на бројот на случаи на комерцијалните фарми, а на повидок нема решение за да се стави проблемот под контрола.
Дражен Чурила, еден од најголемите хрватски извозници на јајца, смета дека е тешко да се прогнозира како понатаму ќе се развива ситуацијата, но недостигот на јајца сигурно ќе трае барем до Велигден, ако не и подолго. Воедно, истакна дека постојат повеќе фактори кои влијаат на целокупното поскапување на јајцата, поради што е тешко да се каже кој е главен, но птичјиот грип секако не помага за стабилизирање на цените.
Звјездана Блажиќ, консултант за прехранбена индустрија и земјоделство, верува дека фармите за кокошки нема да останат празни, но ќе треба време додека ова да се реши.
Производителите на јајца и живинарите уште пред Велигден годинава порачаа дека поради рекордните производствени трошоци, откупните цени на јајцата и актуелната криза, клучот може да го стават во катанец.
Подготвено од А.Ѓ.