15.11.2022 Скопје
Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.
Македонската паролимпика во квалификациите оствари резултат од 538 кој е до сега најдобар во нејзината кариера а со тој резултат секако и обезбеди место во самото финале.
По првите пет истрели во финалето Бикова се најде на второто место и на самиот почеток немаше никакви најавувања дека може да ја земе главната титула.
Потоа со голема одлучност и борба се врати и значителни ги подобри своите перформанси и со изедначен рекорд во дисциплината успеа да влезе во самото финале, каде по завршувањето на втората серија ја превзема лидерската позиција и успеа да ја одбрани до самиот крај на натпреварот.
Подготвено од М.Н.