https://www.facebook.com/photo.php?fbid=539612531304104&set=pb.100057660841388.-2207520000.&type=3

12.11.2022 Скопје

Во чест на денот на ослободувањето на Скопје, со почеток од 17 часот во недела, кај Триумфалната капија, ќе биде означен стартот на една од најстарите атлетски манифестации на пат.

Трката е во организација на Атлетската федерација на  Македонија, и секако е под покровителство на Градот Скопје и континуираната соработка со Агенцијата за спорт и млади.

Претседателката на АФМ, Алексдандра Војнеска Зикова истакна дека оваа трка е меѓународна и ќе биде во две должини, односно на 4км и 10км.

Во рамките на оваа атлетска трка, Атлетската федерација согласно Календарот за натпревари ќе го организира и Националното првенство на 10км на пат за 2022 година.

Сите пријавени натпрварувачи од НП на 10км, влегуваат и во регистрирање во генералниот пласман, кој е во склоп на Отворената Атлетска ноќна улична трка-Скопје 2022, а за победниците се предвидени парични и стокови награди.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *