10.11.2022 Скопје
Речиси 10 милиони долари бараат хакерите за да го спречат протекувањето на медицинските досиеја на Австралијанците.
Рано утрово во порака која е објавена на „дарк веб“, хакер побарал 1 долар од Медибанк, кој е најголем приватен здравствен осигурител во Австралија за секое досие на 9,7-те милиони клиенти.
Хакерската организација објавила листа на која се гледа кој се бил на лечење од зависности, проблеми со ментално здравје, а исто така информации за клиенти кои се поврзани со абортуси.
Форумот на „дарк веб“ кој се користел за објавување на хакирани податоци е поврзан со криминалната група РЕвил, за кој руските власти тврдеа дека е затворена од почетокот на оваа година по барање на САД.
Дејвид Коцкар, кој е извршен директор на Медибанк, остро ги осуди овие хакерски потези и ги објасни како срамни, и јавно се извини на своите клиенти за овие непријатности.
Коцкар истакна дека ќе останат целосно посветени на своите клиенти и дека ќе контактираат со клиентите чии податоци се веќе објавени на „дарк веб“.
Австралиската полиција веќе работи на истражување на нападот, и потенцира дека пристапот на овие податоци е кривично дело, а Медибанк за сега одбива да го плати откупот, повикувајќи се на совет од експерти за сајбер-криминал.
Подготвено од М.Н.