https://www.flickr.com/photos/opengridscheduler/46455416431/in/photolist-2dM79PH-2itAEma-S6bXK1-SMGuFs-S6bSVw-21ZK3S2-SMGtth-JCwvjX-SnAQkr-ME8ZP5-2gbLmYi-2gajoia-2gaiXKo-UD6z1s-21ZK57B-5Y1gnA-21ZK3wn-CMRiGr-McJVbr-2cVPbJB-bCngy7-2nTtBY3-Bwp1J3-2o1a6dJ-8L1a8X-2g9Mxok-2g6CQsy-2iqz4AV-qTJHx9-S1gYCz-CtTB88-21WV8H3-CtUrhK-51Fzjr-C2Luj3-2iqxXVC-CrxQjb-CtUBrT-Bwoz2w-CmBxHx-51FztF-CtVakc-RTe5KQ-8L1adn-CmAzUt-2iqvkX1-2a9HgU9-kp7Gv2-9bbMiK-2iqz4JR

26.11.2022 Скопје

Американскиот телекомуникациски регулатор FCC, соопшто дека американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, бидејќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност.

Комесарот на FCC, Брендан Кар, соопшти дека ниту една нова опрема на Huawei или ZTE нема да биде одобрена, а постои и можност за одземање на постојните одобренија.

Оваа одлуката не е изненадување, бидејќи претседателот на Америка, Џо Бајден, минатата година нареди со закон да се исклучи мрежната технологија на Huawei и ZTE од американскиот пазар, продолжувајќи ја политиката на неговиот републикански претходник Доналд Трамп во спорот со Кина.

Комесарот на FCC, Брендан Кар, додаде дека ова е прв пат во историјата да биде забрането одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност.

Подготвено од М.Н.

About Author