radiostanica

16.11.2022 Скопје

Владината прес-служба соопшти дека Владата на вчерашната седница донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија” со цел националните радиостаници да се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации.

Од Владата истакнаа дека со средства од Буџетот на Владата предвидени во делот на антикризни мерки, делумно ќе се покријат трошоците на националните радиостаници, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000 денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author