17.11.2022 Скопје
На последната владина седница донесена е одлука, Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат.
Доколку градоначалничката Арсовска не се противи на оваа одлука, Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје, затоа денес за оваа тема е закажан состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска.
Доколку пак дојде до несогласувања и градоначалничката Данела Арсовска не ги предаде ингеренции, тогаш Владата ќе ја одземе Универзалната Сала со прогласување за објект од национален интерес.
Подготвено од М.Н.