28.11.2022 Скопје
Пол Ричард Галахер кој е шеф на надворешнополитичкото одделение на Католичката црква, изјави дека Ватикан бара да биде посредник во организирањето на мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Галахер истакна дека уште од самиот почеток на војната, Ватикан и папата Франциск се отворени за преговори но досега сеуште немаат конкретен одговор во врска со нивната понуда.
Галахер додаде дека понудата да организира преговори помеѓу Киев и Москва останува отворена, и се надева дека наскоро ќе има позитивен одговор од двете страни бидејќи така ќе се спречи страдањето на цивилното население на териториите каде што се води војна но и ќе биде спречено страдањето на целиот свет поради економската криза која доаѓа токму од овој воен конфликт.
Подготвено од М.Н.