
07.10.2022 Скопје
Утре ќе се случи ретко затемнување на „крвавата Месечина“, а ќе биде видливо од поголемиот дел од светот. Ова ќе биде последна ваква појава сѐ до март 2025 година.
Овој астрономски феномен е познат како „крвавата Месечина“ поради необичната црвеникава нијанса што ја добива Месечината.
Целосно затемнување на Месечината се случува кога Земјата ќе мине меѓу Сонцето и нашиот природен сателит, фрлајќи ја својата сенка врз него. Додека директната сончева светлина е целосно блокирана, атмосферата на Земјата е доволно „проѕирна“ да дозволи малку светлина да дојде до Месечината.
Утрешното затемнување на Месечината ќе трае час и 25 минути, а вo Скопје зенитот ќе биде постигнат во 12.02 ч. попладне.
Подготвено од А.Ѓ.