09.11.2022 Скопје
Во изминатите 3 дена, тимот од ветеринарното одделение во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ успешно спроведе 31 операција на кучиња, односно 30 стерилизации, од кои 6 скучни и 1 кастрација на мажјак.
Од ЈП „Лајка“ соопштија дека спроведувањето на оперативни интервенции како стерилизација и кастрација се еден од најважните сегменти на ветеринарните практики, кои се спроведуваат во ветеринарната амбуланта при ЈП „Лајка“.
Според ЈП „Лајка“, со овие спроведени оперативни зафати превенирале разможување на нови млади единки, што оди во насока на намалување на стапката на бездомни кучиња на улиците.
ЈП „Лајка“ е ново јавно претпријатие основано од Град Скопје кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици.
Со спроведување на програмата за работа, ЈП „Лајка“ е првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување за една среќна приказна со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од прифатилиштето.
Подготвено од А.Ѓ.