29.11.2022 Скопје
Унгарија ги затвора библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата поради драстичниот пораст на цените на енергијата.
Новите стадиони се последните во долгата листа на објекти кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата, а истите се сметаат за симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години.
Еден од најбогатите градови во Унгарија, Секешфехервар, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри за време на зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палкович најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.
Подготвено од А.Ѓ.