https://www.flickr.com/photos/smallwhitebear/14065652603/in/photolist-nqW9tM-5BzrXR-6LyQj9-WiB8B3-8qKYC8-XYYzb4-6VLiyM-nepj5A-SQdkzA-onb1Ku-QMYfRf-V2EBhQ-gnDxNK-6RJD9t-XLqQj6-kocbWt-p6nDXr-xDLcYw-im3L3p-pvqmF3-81wDu7-sKTYrD-pZpubb-nntxdd-h1LQK5-81wDCd-i9LapW-MVbgJs-2aki5v1-ZpASfx-i9L9Vs-h1LDx3-g6KTqx-dQgdyV-2aki62b-h1JPfp-imEVoe-HfNjws-imEmD7-kj8aRz-eBkrkt-h1JKDB-i9KCbH-81ttt2-nfKu8u-rUKrgE-5s3sU6-h1LHcs-qDQeNu-sbLzLj

08.11.2022 Скопје

Државната украинската електроенергетска компанија Укренерго објави дека воведува нови рестрикции на електрична енергија поради студеното време.

Укренерго во соопштението за медиумите објави дека поради заладувањето, неопходни се нови намалувања на потрошувачката на електрична енергија. Воедно, истакна дека поради постуденото време се зголемува потрошувачката на електричната енергија, што доведува до зголемено оптоварување на опремата и недостиг на електрична енергија во системот.

Редукциите на електричната енергија, кои зачестија по силните руски ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура, најавени се за регионите Киев, Чернихив, Житомир, Суми, Харков и Полтава, како и за главниот град Киев.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author