18.11.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, изјави дека Западот не треба да ги диктира мировните услови на Киев и дека треба да признаат дека Украина се бори против Русија за да ја заштити цела Европа.
Чешка, која е земја претседавеч со ЕУ исто така ја обвини Русија за залутаниот проектил што експлодира во Полска во вторникот, бидејќи извршила напад над Украина со повеќе од 100 ракети.
Изјавата на чешкиот министер Липавски доаѓа откако некои американски експерти изразија загриженост дека борбите во војната најверојатно ќе влезат во ќор-сокак во текот на зимата и дека Киев треба да размисли за повторно отворање дипломатски разговори со Русија.
Сепак предлогот на американските експерти, од страна на Европа е отфрлен бидејќи доколку дојде до било каков прекин на конфликтот тоа би ја фаворизирала Русија, која сеуште окупира големи делови во Украина.
Липавски додаде дека сите земји од континентот имаат корист од тоа што ја поддржуваат Украина а од големо значење на Украина покрај воената е и финансиската и хуманитарната помош.
Подготвено од М.Н.