02.11.2022 Скопје
Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, изјави дека дострелот на иранските балистички ракети кои наводно пристигнуваат во Русија е од 300 до 700 километри, што ѝ овозможува на Русија да гаѓа цели било каде во Украина, а украинските воздухоплпвни сили немаат ефикасна одбрана од нив.
Советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михаило Подољак, изјави дека Иран испраќа ракети до Руската Федерација знаејќи дека Русите со нив ќе ги нападнат нивните градови.
Од Иран ги обучуваат Русите да користат дронови, и свесни се дека ќе го нападнат украинскиот енергетски сектор и ќе предизвикаат нов бегалски бран кон Европската унија, изјави Подољак, и потенцираше дека Техеран е директен учесник во руската агресија над Украина.
Подготвено од М.Н.