25.11.2022 Скопје
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да испрати своја војска во Украина бидејќи смета дека таквиот потег нема да ја смени моменталната ситуација во Украина.
Лукашенко истакна дека во моментов може да активира од 35.000 до 40.000 војници на тој простор, но дека тоа воопшто нема да го реши проблемот, и додаде дека во оваа војна има потреба само да се преговара разумно, односно да се зборува за постигнување мир.
Претседателот Лукашенко потенцира дека САД не сакаат мировни преговори поврзани со ситуацијата во Украина и дека Американците стравуваат единствено од нуклеарен конфликт.
Белорускиот претседател посочи дека раководството на Украина треба да преземе чекори за прекин на војната, доколку не сака уништување на земјата и смрт на огромен број луѓе.
Подготвено од М.Н.