03.11.2022 Скопје
Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, осврнувајќи се на Твитер повиците, изјави дека Украина не се согласува со дипломатско решение за конфликтот со Русија.
Подољак истакна дека кога некој дава предлог за дипломатска спогодба, уствари се потенцира во смислата дека Украина треба да се согласи со ултиматумот на Русија, односно дека Украина треба да ги предаде териториите и да го признае поразот.
Украинскиот народ никогаш нема да биде согласен со така одлука, и затоа треба да се престане со понудите за капитулација која е маскирана како дипломатија, истакна Подољак.
Подготвено од М.Н.