30.11.2022 Скопје
Денес во Букурешт ќе продолжи дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, со нов состанок на Северноатлантскиот совет.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека фокусот на вчерашниот прв состанок на Северноатлантскиот совет на самитот бил насочен кон зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија, и дека шефовите на дипломатиите на членките на алијансата одлучиле на Украина да и испратат дополнителна помош во гориво и агрегати.
Јенс Столтенберг исто така додаде дека на состанокот на Северноатланскиот совет министрите на 30-те членки на НАТО разговарале и за прашањето за приклучување на Шведска и Финска во алијансата.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека влезот на Шведска и Финска ќе го зајакне НАТО и ќе ги направи тие земји и алијансата побезбедни, и затоа потенцираше дека Унгарија и Турција треба да размислат за своите одлуки и да го ратификуваат договорот на двете земји за нивниот пристап кон НАТО.
Подготвено од М.Н.