https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10160154217143389&set=pb.690053388.-2207520000.&type=3

12.11.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика јужноазиските земји да ги превземат сите можни мерки за да ја спречат Русија и нејзината „игра на глад“ во ситуацијата околу украинскиот црноморски договор за извоз на жито, кој што може да истече веќе наредната недела.

Министерот Кулеба во свое обраќање на маргините на самитот на АСЕАН, изјави дека нема доволно учество на Русија во овој договор и дека потребни се поголеми мерки за да се осигура дека руските инспектори намерно не ги одложуваат пратките за да одат светските цени во уште поголем раст.

Обединетите Нации соопштија дека повеќе од 10 милиони жито и друга храна се извезени од Украина според договорот со кој се дозволува извоз на храна и ѓубрива од неколку украински пристаништа на Црното море, кој договор беше со посредништво на Турција и ОН, потпишан на 22 јули.

Кулеба истакна дека Лавров не побарал средба со него за време на самитот, што би било нормално во меѓународната дипломатија, и доколку ја побара таа средба темелно ќе мора да се разгледа тоа барање, но и дека Русија ќе мора да пристапи со добра волја на сите преговори.

Кулеба истакна дека за време на состаноците со лидерите од Југоисточна Азија, разговарал за начините на кои тие би можеле да ја поддржат Украина, која за прв пат се приклучува на самитот Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) и на паралелниот самит на Источна Азија.

На самитот присуствувале и лидерите на САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, како и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Подготвено од М.Н.

About Author