https://www.facebook.com/qatarworldcupmania/photos/1754400871613152

14.11.2022 Скопје

Вкупните трошоци на Светското првенство во Катар ќе бидат дури 15 пати поголеми од претходниот Мундијал што се одржа во Русија.

Лондонската компанија Капитал Економикс пресмета дека ако 1,5 милиони посетители останат 10 дена и потрошат по 500 евра дневно, тоа ќе донесе 7,5 милијарди долари за катарската економија. Катарските медиуми се далеку подарежливи во своите проценки и известуваат дека Светското првенство може да донесе 17 милијарди долари за економијата на оваа земја.

За секој кој не е жител на Катар, одењето на натпреварите од Светското првенство ќе биде солиден удар за буџетот.

За мечот со кој се отвора првенството за прва категорија, билет чини околу 600 евра, билет за втора категорија околу 425 евра, а билет од трета категорија околу 300 евра. За четвртфиналето цената за првата категорија е 420 евра, за втората 280 евра, а за третата 200 евра. Полуфиналињата чинат 925 евра за прва категорија.

Најскапите билети за финалето се 1.560 евра, за втората категорија 970 евра, за третата 585 евра, додека Катарците финалето ќе можат да го гледаат за 200 евра.

Инаку, катарските закони дозволуваат да се служи алкохол, иако се потребни соодветни дозволи и може да се пие само на одредени места, додека алкохолот ќе биде забранет на стадионите.

Според светските медиуми, во најистакнатите локали на Доха, едно пиво ќе чини и до 90 долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author