21.11.2022 Скопје
Портпаролот на Сириските демократски сили изјави дека турски авиони извршиле серија напади на две села, кои биле населени со Курди во северна Сирија.
Анкара претходно најави дека планира да ја продолжи акцијата во северна Сирија против милитантите на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак, поради смртоносната бомба која беше подметната минатиот викенд во Истанбул.
Министерството за одбрана на Турција, соопшти дека ќе ги бара одговорните виновници за кукавичкиот напад во кој загинаа шест лица а над 80 се повредени.
Од ПКК и СДФ негираа дека се вмешани и не ја превземаат одговорноста за подметнатата експлозија на улицата во Истанбул и затоа Турција превзема акција и изведе три упади во северна Сирија, против ИПГ, за кои тврдат дека се соработници на ПКК.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција е спремна да изведе уште една серија напади против ИПГ.
Подготвено од М.Н.