16.11.2022 Скопје
Поминаа само два дена од терористичкиот напад во центарот Истанбул, каде има загинати и повредени, минатата вечер повторно одекна бомба во областа Фатиха.
Се работи за автомобил бомба и според првични информации нема жртви, направена е само материјална штета, и пожарот бргу е изгаснат благодарение на брзата интервенција на истанбулските пожарникари.
Локалните новинарски агенции наведуваат дека еден автомобил одеднаш се запалил по што се слушнале звуци на експлозија, но нејасно е дали навистина се работи за автомобил бомба или пак нешто друго е во прашање.
Подготвено од М.Н.